Линдзи Вон ги покажа синиците по страотниот пад во првиот ден од Светското првенство (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Една од најдобрите скијачки на сите времиња, Линдзи Вон избегна сериозни повреди откако падна на својата претпоследна трка во кариерата, во Супер Џи на Светското првенство во Шведска.

Американската скијачка прикачи фотографија на социјалната мрежа „Инстаграм“ на која се гледаат синици на нејзиното лице.

Вон исто така објави фотографија од својата колешка, Лорен Рос која исто така имаше страшен пад на трката во Супер Џи.