Лоши вести за Реал Мадрид: Нови главоболки за Зидан!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на актуелниот светски и европски клупски шампион, Реал Мадрид го поминува најтешкиот период во последните години.

Флорентино Перез подготвува негова замена, како и голема летна револуција, но до тогаш Реал мора да се бори за трофејот во ЛШ, како и за подобра позиција во Примера.

Сепак, пред дербито во Валенсија стигнаа лоши вести. Капитенот на „кралевите“, Серхио Рамос повторно има проблеми со повредата на листот на ногата и ќе мора да паузира од две до три недели.

Медиумите од Мадрид пишуваат дека Зидан нема да го форсира Рамос пред натпреварот против актуелниот лидер во Лига 1, ПСЖ.

Реал го пречекува ПСЖ на 14 февруари во првиот натпревар од осмина финалето во ЛШ.