Мадрид – Надал го „избриша“ Кирјос, па сега следува дуел со Гофан!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Надал е последниот ¼-финалист во Мадрид.

Тој вечерва го победи Ник Кирјос со 6:3 и 6:1.

Беше ова 3-ти дуел помеѓу овие 2 тенисери и втора победа за Надал.

За пласман во ½-финале Надал ќе мора да се бори против Гофан.

Во останатите натпревари играат Ѓоковиќ – Нишикори, Куевас – Зверев и Чориќ – Тим.

Турнирот во Мадрид се игра за награден фонд од 5.439.350 евра, а титулата ја брани Ѓоковиќ.