Мадриѓаните пазаруваат во Португалија, дали ова значи дека светскиот првак заминува?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува шпански „Ас“, мадридски Атлетико е заинтересиран за левиот бек на Порто, Алекс Тилјеш.

Овој фудбалер, своевремено беше член на Интер и Галатасарај, а со добрите партии во дресот на „Змејовите“ го привлече вниманието на голем број на европските клубови.

Така заврши и на радарот на „Јорганџиите“, кои имаат големи проблеми по левата страна во одбраната.

Фелипе Луис и Лукас Ернандез се повредени, а двајцата и би можеле да ја напуштат екипата, на искусниот Бразилец на крајот од сезоната му истекува договорот, додека за Французинот е заинтересиран минхенски Баерн.

Баварците сериозно загриаа, како што се наведува подготвени се да платат 80 милиони евра за Ернандез и така да ги заврзат рацете на управата на „Колчонеросите“, бидејќи толкава е откупната клаузула во договорот на францускиот фудбалер.

Иако летово го парафрираше договорот со клубот до 2024. година, самиот Ернандез изјави дека, иако нема ништо против останување во Мадрид, подготвен е да ги сослуша понудите на тимовите кои се подготвени да му претстават интересен и амбициозен проект.

Таков секако е случајот со Баварците, кои му ветија и важна улога во создавањето на некој нов Баерн, па се чини дека Ернандез навистина би можел да ја напушти Шпанија, останува да се види само дали оваа зима или летото.

Во секој случај, во Атлетико не трошат време, па 26-годишниот Алекс Телјеш би можел да го замени во Мадрид.