Мане донесе победа на Ливерпул во Мерсисајд дербито


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во последниот натпревар од 17-то коло во ПЛ се играше градското дерби помеѓу Евертон и Ливерпул.

Првото полувреме помина во доминација на домаќините, но најдобрата шанса ја имаше напаѓачот на Ливерпул, Дивок.

Во продолжението, сосема поинаква приказна, Ливерпул ја превзема играта.

Фирмињо ја имаше првата шанса, се играше 50-та минута кога испрати удар по средината на голот, а Стекеленбург немаше проблеми да го одбрани тој удар.

По 15 минути, голманот на Евертон се повреди по дуелот со Бејнс.

Ливерпул продолжи со притисокот, но не успеваа да создадат посериозна шанса.

Сепак, во 4-та минута од судиското продолжување, Стариџ испрати еден удар кон голот на ривалот, но Роблес не успеа да стигне до таа топка. Таа ја погоди стативата, а одбиената топка ја искористи Садиу Мане.

Со овие 3 бодови Ливерпул е повторно на второто место во ПЛ.