Мане ја дозна казната, од Ливерпул најавуваат жалба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Садио Мане заработи директен црвен картон по „крвничкиот“ старт над голманот на Манчестер Сити, Едерсон во саботниот дерби натпревар од 4. коло во Премиер Лигата.

По прегледувањето на снимките од фудбалската асоцијација на Англија донесоа одлука Мане да биде казнет со три натпревари. Од Ливерпул не се задоволни со ваквата санкција и најавија дека истата ќе ја обжалат.

Претходно Мане му се извини на голманот Едерсон преку социјалните мрежи. „Се надевам и му посакувам на Едерсон брзо заздравување. Жал ми е што беше повреден во меѓусебниот наш инцидент. Се молам да оздрави побрзо и да се врати на терените наскоро затоа што е доста квалитетен играч“- напиша Мане на својот Инстаграм профил.