Манчестер Јунајтед во судиското продолжение стигна до тешка победа против Бурнемут

Екипата на Манчестер Јунајтед стигна до тешка, но значајна победа на гостувањето на „Виталити“ стадионот кај тимот на Бурнемут.

Домашниот тим одлично го отвори натпреварот и веќе во раната фаза имаше предност од 1:0 по голот на Калум Вилсон.

Сепак, во 35. минута Манчестер Јунајтед стигна до израмнување преку Ентони Марсијал.

Во вториот дел Јунајтед заигра многу подобро и имаше неколку стопроцентни шанси, а погодокот стигна дури во 93. минута кога Маркус Рашфорд најдобро се снајде во шеснаесетникот на Бурнемут.