Манчестер Јунајтед одбил понуда од Тотенхем за Марсијал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед одбил богата понуда од Тотенхем за услугите на Ентони Марсијал.

21 годишниот играч пред две години пристигна на „Олд Трафорд“ од редовите на Монако и имаше одлична прва сезона под водство на Ван Гал. Сепак со доаѓањето на Мурињо на клупата на Јунајтед, Марсијал забележа стагнација во играта и се почесто е поврзуван со трансфер од клубот.

Според медиумите од Манчестер Јунајтед би сакале да ги слушнат понудите од околу 60 милиони фунти за услугите на францускиот интернационалец, но таа на Тотенхем била во висина од 45 милиони фунти и веднаш била одбиена.