Маркез најбрз во Германија

Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез победи во Мото ГП трката која денес се возеше за Големата награда на Германија.

Актуелниот светски шампион трката ја почна од пол позицијата, а победи со резултат 40:59,525.

Второто место му припадна на возачот на Јамаха, Јонас Фолгер, додека пак трет беше искусниот Дани Педроса од Хонда.

Маверик Вињалес и Валентино Роси ги зазедоа четвртата и петтата позиција.

По девет трки во шампионатот, Марк Маркез е на лидерската позиција со 129 поени, Вињалес е втор со четири помалку, а на третото место е Андреа Довициозо со 123 поени.

Следната трка во Мото ГП шампионатот на програмата е на 6 август во Брно.