Марјановиќ си заминал од Лос Анџелес: Српскиот џин ќе игра за Филаделфија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американскиот новинар Адријан Војнаровски пишува дека Бобан Марјановиќ си заминал од Лос Анџелес Клиперс и ќе настапува за Филаделфија.

Во Филаделфија пристигнуваат уште Тобајас Херис, Боби и Мајк Скот. А, од друга страна, Клиперс ги добиваат Лендри Шемет, Вилсон Чендлер, Мајк Мускал.

Тоа ќе биде четврти НБА-тим за српскиот центар, по Спарс, Пистонс и Клиперс. Додека, Херис, неговиот добар пријател, беше најдобар кошаркар на Клиперс сезонава и многумина се зачудија кога не обезбеди пласман на Олстар.