„Машкиот тенис не е поинтересен од женскиот!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристина Младеновиќ ги критикуваше различните стандарди кои важат за мажите и жените во тенисот.

„Не гледам поради што машкиот тенис е поинтересен од женскиот, иако поголемиот дел од телевизиите купуваат права само за машките турнири. Верувам дека тие кои навистина го познаваат спортот, уживаат и во женскиот тенис. Многу напредувавме и имаме силни удари и интересни натпревари.“

Таа нагласи дека е неопходно да постои група на тенисерки кои ќе ги инспирираат девојките.

„Нема многу влијателни играчи, освен Серена Вилијамс, а кај машките постои големата четворка, односно Ѓоковиќ, Федерер, Мареј и Надал. Мораме да се бориме за повеќе простор.“