Мајами Хит “крадат” дел од шампионскиот тим на Вориорс?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот на Мајами Хит сѐ уште пробува да биде активен на пазарот на слободни агенти. Овојпат на нивната мета е играч кој беше дел од шампионскиот тим на Вориорс минатата сезона.

 

Имено, станува збор за Иан Кларк, играч кој игра на позицијата бек-шутер и е одличен шутер на тројки. Неговиот договор истече на крајот на сезоната а ротацијата на неговото место во тимот на Голден Стејт беше во меѓувреме пополнета со Ник Јанг. Мора да се напомене дека во шампионската сезона тој немаше голема минутажа но секогаш кога влегуваше во игра беше освежување за нападот на Вориорс. Покрај ефикасноста од зад линијата за три поени, тој може да помогне на тимот со неговата упорност во одбрана.

Причината поради која Кларк е сѐ уште на пазарот на слободни агенти е тоа што тој бара договор кој ќе му овозможи да заработува 8 милиони годишно а засега тимовите кои се заинтересирани не можат да му го понудат тоа. Сепак, Пет Рајли бара играч кој ќе ја заврсти ротацијата на тимот од Флорида и можно е во наредните неколку дена да се официјализира соработката помеѓу двете страни.

 

Иан Кларк има 26 години и во минатата сезона заработуваше само 1 милион годишно.