МекГрегор потпиша нов договор со UFC и доби се што сакаше


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Без дилема, Конор МекГрегор е најголема ѕвезда во UFC.

Тој на 6. октомври се враќа во октагон во меч против Кабиб Нурмагомедов, но тоа нема да му биле последен меч во UFC иако тоа многумина го очекуваа.

Претседателот на UFC, Дан Вајт потврди дека Конор потпишал договор уште за шест борби, а ирскиот борец со ова доби се што сакаше.

На прес конференцијата го промовираше и своето виски Proper, коe тој го произведува па овој договор и тоа како е вреден.

„Не беше тешко да се договориме со Конор, бидејќи знаеме колку вреди“, порача преседателот Вајт.

Сигурно МекГрегор направи добар бизнис и цифрите кои ќе ги заработи ќе бидат големи, но посебно и од продажбата на вискито кое ќе биде спонзор во текот на сите мечеви.