Мемфис се раздели со ѕвездата: Марк Гасол се сели во Торонто


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марк Гасол цела кариера ја помина во Мемфис гризлис, но сепак тимот планира големи проблеми, па решија да го трејдуваат во Торонто репторс.

Мемфис за Гасол ги добија литванскиот центар Јонас Валанчијунас, Делон Рајт, Си-Џеј Мајлс и вториот пик на драфтот во 2024 година.

Шпанецот сигурно ќе биде големо засилување за Репторс, кои имаат големи амбиции сезонава и со нив ќе се борат за пласман во плејофот.

Гасол сезонава одигра 53 натпревари и во просек постигнува по 15,7 поени и 8,6 скокови.