Мејведер не знае ништо за натпреварот од „милијарда долари“?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американскиот боксер Флојд Мејведер демантираше дека потпишал договор за борба со Конор МекГрегор.

Во вторник се појави информација дека Мејведер и МекГрегор ќе влезат во рингот во натпревар вреден неверојатни милијарда долари.

„Во последно време се појавуваат шпекулации за мојата идна борба. Сакам да кажам дека не постои никаква понуда и дека ништо не сум потпишал.“

„Моментално уживам во животот, а ако нешто се смени, прво јас вас ќе ве известам.“