Миовски ги маѓепса Хрватите – Младиот фудбалер заминува во соседството!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нашиот млад репрезентативец е пред трансфер во Хрватска, поточно во Осијек.

Бојан Миовски по натпреварот против Победа и постигнувањето на единствениот гол за домашниот тим, веднаш заминал во Осијек.

Од управата на Брегалница јавуваат дека фудбалерот заминал во Осијек на проба и во текот на денот се очекува тој да се врати во Штип за да може да игра против Шкупи во недела.

Колку изнесува трансферот на Миовски и дали ќе се пресели во Хрватска, останува да видиме во наредните денови.