Младиот талент на мета на гигантите – Рома започна преговори со него!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома се вклучи во борбата за Патрик Шик. Овој 21-годишен фудбалер има понуди од најголемите италијански клубови и јасно е дека ќе го напушти тимот на Сампдорија.

Рома стапи во контакт со раководството на тимот од Џенова. Тие би сакале да го видат во Рим, но засега најголем фаворит е Јувентус.

Шик оваа сезона играше одлични и постигна 13 голови во 34 натпревари.

Чешкиот фудбалер има договор до 2020-та година, но јасно е дека тој ова лето ќе замине од тимот од Џенова.