„Многумина ми се смееја, зашто го одбив Баерн, но тоа беше добра одлука“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен полека излегува од кризата во која се наоѓаше на почетокот на сезоната и тимот на Нико Ковач почна да запишува победи.

Баварците во моментов имаат девет бода помалку од лидерот Борусија Дортмунд, но моменталната форма ги радува навивачите на клубот.

Познато е дека Ковач не беше прва опција за тренер на Баерн. Најпрво Баварците ги одби Џулијан Нагелсман, а потоа и Ралф Хасенхут, кој е нов тренер на Саутемптон.

„Не бев подготвен за Баерн и тоа им го кажав јасно. Многумина ми се смееја, зашто ги одбив, но кога гледаме што им се случува во претходните неколку месеци, убеден сум дека тоа е добра одлука“, вели 51-годишниот тренер.