„Многу коцки треба да се поклопат за совршена трка“

    Луис Хамилтон не може да ја објасни кризата во која се наоѓа од летната пауза.

    Возачот на Мерцедес нема победа во последните 3 трки, а претходно успеа да победи во 6 од 7.

    „Навистина немам одговор за тоа. Секоја сезона е поинаква и тоа така оди. Некои викенди за мене се одлични, некои не. Нико одлично возеше во Сингапур. Многу глупости мора да се поклопат за совршен викенд.“

    Тој пред неколку дена беше 3 во Сингапур, без шанси да го загрози Розберг на првото место.

    „Кога се тргна сигурносното возило, Нико само побегна и ништо не можев да направам. Немав шанса ниту Рикардо да го преминам. Верувајте ми, да имав, ќе ја искористев.“

    На 6 трки пред крајот на шампионатот во Ф1, тој има 8 бодови помалку од тимскиот колега.

    „Не знам дали ќе дојде до нов пресврт. Не можеме да знаеме дали ќе го има и ако се случи, кога ќе се случи. Има уште 6 трки до крајот, морам да се надевам на подобро.“

    Наредната трка се вози во Малезија на 2-ри октомври.