„Можеме многу подобро, Сандерленд заслужи бод“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека неговата екипа може многу подобро да игра од тоа што го покажа против Сандерленд.

„Ние можеме да играме подобар фудбал, но не сум сигурен дали може да се игра без пауза. Не сум сигурен како се чувствува кога некој мора да го работи тоа што тие мораа денес.“

Фудбалерите на Ливерпул и Сандерленд одиграа 2:2 во 20-то коло од ПЛ.

Ливерпул против Сандерленд играше по 2 дена од големата победа против Сити.

„За ова како игравме, не знам навистина што да кажам…“

Сандерленд двата голови ги даде од пенал, а Клоп кажа нешто и за судењето.

„Немаше прекршок пред слободниот удар кој донесе до втор пенал. Потребно е и малку среќа, но Сандерленд напорно работеше и заслужи бод.“

Ливерпул по 20 натпревари е на 2-ро место со 44 бодови, 5 помалку од Челси.