„Може да организираме борба меѓу Мејведер и Хабиб, но по правила на УФЦ!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот човек на УФЦ, Дена Вајт, повторно се јави во американските медиуми по шпекулациите дека наскоро ќе има нов спектакл, односно борба помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Флојд Мејведер.

Нурмагомедов пред неколку недели во Лас Вегас го победи Конор Мекгрегор и така го одбрани појасот во лесна категорија, но потоа направи голем скандал.

Дагестанецот го скокна рингот и тргна да се тепа со тренерот на ирскиот борец поради што доби суспензија.

Потоа Хабиб јавно го повика Мејведер на дуел, а шампионот во тешка категорија во бокс веднаш прифати. Сепак, по драмата на социјалните мрежи се јави Вајт, кој вели дека борбата може да се одржи, но по негови правила.

„Доколку Мејведер сака да се тепа со Хабиб за мене тоа не е проблем. Единствен услов е да го направи тоа во рингот по правила на УФЦ“, кажа Вајт.