Момче го изнервира Вестбрук, па Јокиќ мораше да ја реши ситуацијата (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Денвер го совладаа тимот на Оклахома со 121-112, а најдобар кошаркар во нивната понуда беше Никола Јокиќ, кој постигна 36 поени, девет скокови и десет асистенции.

Кај Оклахома одличен беше Расел Вестбрук со 22 поени, но тоа не беше доволно за триумф. Сепак, во центар на внимание е една интересна ситуација која се случи на мечот.

Вестбрук беше нервозен на теренот, а тоа го покажа и во ситуација, кога едно момче од првите редови го удри, па тоа ѕвездата на Оклахома ја налути.

Кошаркарот на Оклахома го погледна страшно момчето, па тоа се исплаши и седна на столот, но во меѓувреме Јокиќ стигна на „помош“ и излезе меѓу нив, па потоа ситуацијата се среди, односно Вестбрук се смири со момчето.