Мончи не знае да престане, Рома купува ѕвезда на Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома купи голем број играчи летово, но спортскиот директор Мончи и понатаму е активен и до крајот на преодниот рок планира да купи уште неколку засилувања.

Гранит Џака, наводно, е наредната желба на Мончи и ќе се обиде да го донесе во Рома.

Наводно, Рома и Арсенал имале контакти, па Швајцарецот до крајот на месецов би можел да го облече дресот на Римјаните.

Џака пред две години дојде во Арсенал од Борусија Менхенгладбах, а понекогаш играше добро, но потоа имаше и период во кој не беше најдобар.

Во секој случај, Рома би добила добро засилување во средината, иако на таа позиција се обидува да го ангажира и Стивен Н`Зонзи од Севилја.