„Мораме да бидеме горди на успехот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Крег Шекспир е горд на своите играчи и после елиминацијата од Атлетико.

Резултатот од 1:1 не им беше доволен на лисиците за пласман во 1/2 финалето, а Шекспир изјави дека сите во клубот треба да бидат горди и на овој пласман.

„Мислам дека сите во клубот и надвор од него треба да бидат горди и на ова. Посветеноста беше извонредна“ – вели Шекспир.

„Во првото полувреме игравме доста добро, но примивме гол и тоа е тоа. Знаевме дека после тоа ни требаа уште 2 погодоци и затоа се одлучив на некои промени.

Лестер синоќа одигра 1:1 со Атлетико а во првиот натпревар беше поразен со 1:0.