Мото3: Добивме нов шампион!


    Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


    Возачот на Ред Бул КТМ тимот, Бред Биндер ја освои титулата во Мото3 категоријата со 2-ро место на ГН на Арагон, 14-та трка во сезоната, на која победи Наваро.

    Биндер така стана 3-от јужноафрички светски шампион, а прв од Џон Екеролд во 1980 година. Младиот возач исто така на својот тим му ја донесе 2-та титула во Мото3 категоријата, бидејќи претходниот шампион под водство на Аки беше Сандро Кортез во 2012.

    До најголемиот успех, 21-годишниот Биндер стигна во својата 6-та сезона во светскиот шампионат. И тоа го направи убедливо, на 4 трки пред крајот.

    Во Херез победи за прв пат во кариерата, а потоа уште 2 победи постигна – во Ле Ман и Муџел, а најдобар беше потоа и на „Силверстоун“ и „Мизан“. Уште 6 пати беше на подиумот, вклучувајќи го и Арагон, а тоа му беше доволно да дојде на 100 бодови предност пред големото финале.

    Наредната сезона тој ќе премине во Мото2, каде ќе ги брани боите на КТМ Ајо тимот.

    Што се однесува до ГН на Арагон, Наваро до триумф дојде по одличната борба со Биндер, во која учествуваа и Бастијанини и Фабио. Бастијанини како 3 помина низ целта пред својот тимски колега, а нешто подалеку беа Џоан, Мартин и Арон.

    Наредната трка се вози за ГН на Јапонија на 16-ти октомври.