Мурињо доби „корпа“, но не се откажува: Јунајтед ќе го урне светскиот рекорд!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо сака да ја засили одбраната на Манчестер јунајтед во јануари, а очигледно има една навистина голема желба.

Фудбалерот на Наполи, Калиду Кулибали, прикажа одлични настапи во последните неколку сезони во Наполи, па така го привлече интересот на европските гиганти.

Кулибали потпиша нов договор до 2023 година, но има ветувањето дека клубот ќе го пушти доколку пристигне некоја непристојна понуда, која ќе му овозможи поголема плата.

Сенегалецот во моментов добива 3,5 милиони евра, а сигурно во некој европски гигант би можел да добие и двојно повеќе.

Наводно, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис одбил понуда од 85 милиони евра од страна на Манчестер јунајтед, но оставил простор за преговори.

Де Лаурентис им кажал на „црвените ѓаволи“ дека Кулибали нема да го продаде за помалку од 100 милиони евра, па останува да видиме дали Мурињо ќе го урне светскиот рекорд за дефанзивци.