Мурињо не го пушта својот фудбалер на позајмица!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Францускиот фудбалер Ентони Марсијал нема да го напушти тимот до крајот на зимскиот преоден рок.

Иако се поврзуваше со заминување, односно со тим каде што ќе имаше шанса да игра повеќе, сепак од тоа нема да биде ништо.

Мурињо одлучи дека Марсијал ќе му биде потребен во продолжението од сезоната и одлучи да не го пушта да замине од тимот.

Интерес за него покажаа Вест Хем и Севиља, а шпанскиот тим сакаше и да го откупи во лето.

Тој одигра 21 натпревар, а постигна само 6 голови.

Во Јунајтед стигна во 2015-та година од Монако за 50 милиони евра.