„Муса нема да замине од Селтик“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Селтик, Муса Дембеле е предмет на интерес на голем број тимови како Баерн Минхен, Реал Мадрид, Барселона..

Сепак, неговиот агент Мамаду Фофана ја исклучува можноста за трансфер и вели дека тој нема да замине од тимот.

„Муса не го интересираат шпекулациите. Тој потпиша 4-годишен договор и толку време ќе остане во тимот на Селтик.“

Сепак, кога договорот ќе заврши, Селтик тешко дека ќе може да го задржи талентираниот играч.

Тој минатата година дојде во Селтик од Фулам.

Одличната репутација ја заслужи со добрата игра оваа сезона, во 23 одиграни натпревари тој постигна 13 голови.