„Му посакувам се најдобро на Тери“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По победата на Челси против Вотфорд од 4:3, Тери изјави дека сеуште не знае што ќе прави во својата кариера, а Конте даде своја изјава и убеден е дека Тери нема да ја заврши својата играчка кариера.

„Не, апсолутно не. Џон сака да продолжи да игра.“

„Му посакувам се најдобро. Челси секогаш ќе биде негов дом затоа што Џон е голем човек и легенда на тимот.“

„Се радувам што ќе го видам како го крева трофејот во ПЛ и мислам дека сите играчи сакаат да го видат тоа. Ова е одличен крај за него.“

Тој минатата вечер го одигра 716-от натпревар за Челси.