Навивачите на Јуве го навредуваа Анчелоти, а тој „удри“ таму каде што најмногу боли!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во едно од најголемите дерби средби во шестото коло во Серија А вчера Јувентус на свој терен го победи Наполи со 3-1.

Наполи одлично го отвори резултатот и стигна до предност од 1-0, но потоа следуваше целосен пресврт.

Многу возбудливо беше и на трибините, но и покрај клупата на Наполи. Навивачите на Јувентус неколкупати скандираа против Карло Анчелоти, кој во минатото ја водеше „Старата дама“.

За навредите од трибините се огласи тренерот на Наполи по натпреварот, па брутално им одговори на фановите.

„Тоа што навивачите на Јувентус го скандираа против мене денеска? Не знам. Сигурно ќе најдам утеха кога ќе го гледам трофејот од Лигата на шампиони од 2003. година“, ги „пецна“ Мурињо.

Да потсетиме, Анчелоти го предводеше Милан во 2003. година и го освои трофејот во Лигата на шампиони и тоа против Јувентус.