Навивачите на Јунајтед збеснаа: Не ни треба Покетино, го сакаме – Солскјер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Манчестер јунајтед негативно одговорија на прашањето дали Маурицио Покетино треба да пристигне на тренерската позиција на „Олд Трафорд“.

Маурицио Покетино по поразот од Кристал Палас кажа дека освојувањето на трофеј е добро само за его и тоа меѓу останатото не им се допадна на навивачите.

„Повторно ќе се расправаме дали освојувањето на трофеи ќе го однесе на повисоко ниво. Не сум согласен со тоа, мислам дека е кревање на егото“, кажа покетино.

Некои навивачи на Јунајтед го нарекоа и „аргентинскиот Дејвид Мојс“, по менаџерот кој го наследи Алекс Фергусон во 2013 година и кој се посрамоти.