Надал во одбрана на Ѓоковиќ: До пред да месеци пишувавте дека Новак е катастрофален


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал на теренот се големи ривали, но надвор од него меѓу двајцата владее големо почитување и пријателски однос.

Шпанецот тоа го потврди и денес кога имаше што да им каже на оние кои зборуваа лошо за Новак Ѓоковиќ.

Многумина пред само два месеци пишуваа и зборуваа дека популарниот Ноле нема да се врати на препознатливото ниво и дека неговото време помина. Сепак, со игрите на Вимблдон Србинот покажа дека сите што пишуваа така, се излажаа.

Тоа го потврди и Рафаел Надал кој во изјава за шпанските медиуми не штедеше пофални зборови за Ѓоковиќ.

„Роџер Федерер го освои Австралијан Опен, Новак, Вимблдон, а јас Роланд Гарос. Сите тројца играме на многу високо ниво, иако вие пред само два месеци пишувавте дека Ноле е катастрофален. Јас секако не мислев така, а се ова зборува колку спортот всушност е непредвидлив“- истакна Надал.