Наоми Осака го освои Австралијан опен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јапонската тенисерка Наоми Осака го освои Австралијан опен откако денеска во финалето ја совлада Петра Квитова со 2-1 во сетови.

Во првиот сет беше забележана неверојатна борба меѓу Осака и Квитова, а по исцрпувачки сет се играше во тај-брејк, каде што подобра беше Јапонката со 7-2.

Квитова играше многу подобро во вториот сет, иако имаше негатива од 3-5, сепак на крајот успеа да направи пресврт и да го освои сетот со 7-5.

Во третиот сет по четири спасени топки Квитова повторно застана, а Осака го врати ритамот. Јапонката набрзо стигна до брејк и повторно тргна кон титулата во Мелбурн, која ја освои со 6-4 во последниот сет.

За Осака ова беше втора титула на гренслем турнир, откако го освои Ју-Ес опен.