Наполи го совлада Капри, Порто подобар од Евертон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Наполи и Порто запишаа победи во пријателските натпревари против Капри, односно Евертон.

Наполи против Капри славеше сигурна победа од 5:1, а стрелци за тимот кој го предводи Карло Анчелоти беа Алан во 2. минута, Каљехон во 66., Верди во 74, и Винисиус во 85. минута.

Од друга страна, за гостите единствениот гол го постига Плу на четири минути пред крајот на мечот.

Во натпреварот помеѓу Порто и Евертон, победата ја одведе португалската екипа, а единствениот гол го постигна Марега во почетокот на второто полувреме.