Наполи „доби“ фантастична замена за одличниот Жоржињо!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентативецот на Италија, Жоржињо, летоска замина во Челси за речиси 60 милиони евра, а Наполи очигледно не жали по него.

Тие во екипата го имаат 27-годишниот Алан, кој игра фантастично од почетокот на сезоната и ги воодушеви сите навивачи.

Очигледно тоа не го предвиде ниту селекторот на Бразил, Тите, кој го повика за наредниот пријателски натпревар против Уругвај.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, може да биде задоволен затоа што наместо Жоржињо во екипата сега го „доби“ Алан.