Направија голем трансфер, иако трансфер периодот беше завршен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И покрај фактот дека трансфер периодот во Португалија е завршен, Спортинг донесе ново засилување.

Во Спортинг беа презадоволни од игрите на Себастијан Коатес и одлучија да ја активираат клаузулата со Сандерленд, според која можат да го откупат.

Играчот пред една година пристигна во Лисабон и со своите игри ја убеди управата да му даде доверба.

Тој има играно за Насионал, Ливерпул и Сандерленд додека во Спортинг на 30 натпревари постигна 3 голови.

Неговото останување е продолжено на уште една година, а договорот со клубот го продолжи и Гелсон Мартинес.

Спортинг е на 3-то место во Португалија со 38 бодови, а пред себе ги има Порто со 44 и Бенфика со 45.