„Најголем подарок е тоа што можам да ги мрдам прстите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Петра Квитова е пресреќна што може да ја продолжи својата кариера по нападот пред неколку денови.

Квитова има тешка повреда на тетивата и нервите на левата рака.

Таа веќе беше на пауза поради повреди, но ќе мора да паузира уште 6 месеци.

„Можам да ги поместам прстите. Тоа е најдобриот новогодишен подарок кој можев да го замислам.“

Таа сигурно ќе го пропушти Австралијан Опен, турнејата низ Америка и сезоната на земја, па се очекува да се врати на теренот во вториот дел од сезоната.

Според некои информации, напаѓачот украл 1.600 евра.

Квитова моментално е 11-та тенисерка во светот, а најдобар пласман во кариерата и беше 2-ро место на ВТА листата.