Најдобри забивања во сезоната за Џонатон Симонс!(ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џонатон Симонс од Сан Антонио помина сезона со спектакуларни забивања, а неговите потези ќе му помогнат на тимот против Мемфис.

На НБА драфтот во 2012 година, ниту еден тим не го одбра Симонс, но сепак тој успеа да го најде патот до најсилната лига во светот. Тој преку Остин Торон од развојната лига стигна до Сан Антонио.

Иако сигурно не е помеѓу најголемите ѕвезди во тимот, неговите потези можат да бидат голем бонус во играта на тимот.

Симонс кој игра на позицијата бек шутер, во регуларниот дел од сезоната за 17.8 минути на паркетот постигнуваше по 6.2 поени во просек, 2 скокови и 1.6 асистенции.