Најоригинален подарок досега – Ибрахимовиќ во свој стил!

Златан Ибрахимовиќ повторно се најде во центар на внимание на јавноста, но овој пат поради одличната идеја за божиќен подарок.

Ибрахимовиќ во свој стил одлучи да го прослави Божиќ, но и подготовките за подарок на својата сопруга Сегер.

Ибра е познат по своите идеи, а овој пат отиде и чекор понатаму. Напаѓалот на Јунајтед ја стави својата слика во рамка и тоа беше подарок за неговата сопруга.

Тоа не е ништо ново за Ибра и неговите необични подароци, бидејќи пред неколку години изјави дека не и купил ништо на сопругата затоа што таа веќе го има него.