Неверојатно: Ањели го предложи Морати за претседател на Италијанскиот фудбалски сојуз!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Андреа Ањели и Јувентус го предожија Масимо Морати за претседател на италијанскиот сојуз.

Јувентус смета дека поранешниот претседател на Интер е човек кој може да помогне за развој на фудбалот.

Ањели е најмоќен во италијанскиот фудбал, па не се лути поради тоа што Бепе Марота ќе се пресели во Интер.

Според некои информации, Јувентус сака да ги засили Милан и Интер, за да има поголема конкурнеција во Италија.

Сепак, Морати е изненаден од ваквата одлука на првиот човек на Јувентус.

„Не можам да коментирам, ова е изненадување за мене, па морам да разговарам со Ањели“, кажа Морати.