„Неверојатно, никогаш не сум го видел Ѓоковиќ да игра подобро!“

Легендарниот Крис Еверт вели дека никогаш не го видел Новак Ѓоковиќ да одигра подобро финале на Австралијан опен, кога го победи Рафаел Надал со 6-3, 6-2 и 6-3.

„Девет неизнудени грешки во три сета, тоа е неверојатно. Никогаш не сум го видел да одигра подобро. Никој не може да биде рамнодушен на ова“, вели Еверт.

Пол Анакон, пораннешниот тренер на Роџер Федерер, е воодушевен од него.

„Јас се обидувам да го разберам нивото на игра на Ѓоковиќ. Неверојатно, му честитам за ремек-делото на мечот. И Рафа имаше две одлични недели, па среќен сум што е здрав“, вели Анакон.

Ѓоковиќ со триуфмот во Мелбурн ја освои 15. гренслем титула во кариерата.