Невил отсечен: Ливерпул треба да крене раце од Лигата на шампионите?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дали Ливерпул има екипа која може да ја освои Лигата на шампионите, но и Премиер лигата?

Гери Невил смета дека нема, дека потребно е сите сили да се насочат на Премиер лигата и дека ЛШ само би му одмогнала на овој тим во намерата да го освојат домашното првенство.

Ливерпул го загуби првото место на табелата на Премиер лигата изминатиот викенд по ремито со Евертон, а му следи и мечот против Баерн Минхен.

„За Ливерпул да ја освои лигата потребно е да имаат чист распоред. Да, можам тоа да го кажам, испаднете од Баерн. Тоа звучи како лудило“, истакна Невил.

„Јасно е дека никој не игра за да загуби, но важно е што Ливерпул нема премногу дуели до крајот на сезоната за играчите да бидат свежи. Сити има неколку ФА Куп натпревари, тоа е период кога Ливерпул може повторно да се одвои на табелата. Мислам дека битката за титулата е 50-50“, истакна тој.