Недвед со коментар за ждрепката: Јувентус не беше баш најсреќен тим на ждребот

Тимот на Јувентус за противник во осминафиналето од  Лигата на шампионите го доби најтешкиот противник од второпласираните екипи од групната фаза.

Италијанците ќе вкрстат со тимот на Атлетико Мадрид и ќе мора сериозно да се помачат за да обезбедат пласман во четврт-финалето.

„Немавме многу среќа. Атлетико е тежок тим за соочување, тие негуваат италијански стил на фудбал многу повеќе отколку европски стил. Атлетико има силна одбрана која игра доста време заедно и знаат како да играат во нападот каде го имаат Гризман.

Гледам два еднакви натпревари со само неколку гола. Го извлековме најтешкиот можен противник, но тоа не треба да е проблем за нас“- истакна Недвед.