Некогашниот бисер на Милан: „А бев како Меси“…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијнецот откри зошто не ги кажал своите високи очекувања.

Еден од фудбалерите кои многу ветуваа на Апенините беше и Мануел Локатели.

Играчот на Милан на позајмица во Сасуоло доби своја шанса во Милан под водство на Синиша Михајловиќ, беше тоа вистински бум бидејќи играчот за врска покажа дека е голем талент.

Во меѓувреме, кариерата на 21-годишниот Локатели тргна во поинаква насока, па повеќе се наоѓаше во плановите на Џенаро Гатузо.

„Искусив вистински медиумски бум, изгледаше како да сум новиот Меси кој дава погодоци кога и да посака. Беа тоа големи наслови во весниците, но тогаш набрзо тргнаа и критиките кога не одеше. Ме болеше тоа бидејќи беа тешки моменти за мене, но со помош на девојките и семејството преминав преку тие проблеми“, искрен беше во исповедта на својот инстаграм профил.

Оваа сезона причично стандардно настапува за Сасуоло со кој ќе игра против „Росонерите“ следниот викенд.

Вистинска прилика да им покаже на челниците на Сан Сиро дека згрешиле во врска со него…