Неколку европски гиганти заинтересирани за Тимо Вернер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот весник „Билд“ пренесува дека не е само Баерн Минхен заинтересиран за услугите на Тимо Вернер од редовите на Ред Бул Лајпциг.

22 годишниот напаѓач со своите феноменални игри во последните години го сврти вниманието кон себе, па освен Баерн МИнхен за него се распрашувале и од таборот на Ливерпул, како и од редовите на Атлетико Мадрид.

Германецот неодамна истакна дека е подготвен да заигра за поголем клуб и најави дека за него постои само еден клуб во Германија за кого би можел да игра, алудирајќи на Баерн Минхен.

Сепак, Ливерпул и Атлетико Мадрид ќе се борат до крај за неговиот потпис и се подготвени да му понудат солидна плата за да го добијат неговиот потпис.