„Нема да се откажеме од 3-то место!“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди сеуште верува дека неговиот тим може да стигне до 3-то место во Серија А на крајот на сезоната и да се пласира во ЛШ.

По неколку добри натпревари, Интер се искачи на 4-то место во Серија А, но се вратија 2 места подолу по поразот од Рома со 3:1.

Тие во моментов се зад Наполи и имаат 6 бодови помалку од нив, но Икарди се надева дека можат да стигнат до 3-то место.

„Мораме да продолжиме понатаму и по поразот од Рома и да гледаме само напред. Не е изгубена надежта дека на крајот ќе бидеме на 3-то место. Нема да се откажеме се додека имаме математички шанси. Верувам дека можеме на крајот да стигнеме до 3-то место.“

„Имаме должност да продолжиме да се трудиме и сигурен сум дека можеме да ја исполниме нашата цел.“

Да потсетиме, Интер наредниот натпревар го игра во гости против Каљари.