Нема дилеми – Анчелоти сака да го задржи Санчез!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Баерн, Анчелоти остана одлучен и сака да го задржи Ренато Санчез во тимот.

Овој 19-годишен фудбалер дојде во Баерн од Бенфика ова лето за 35 милиони евра.

Досега седеше на клупата, а настапи само во 4 натпревари како стартер, а 7 пати влегуваше од клупа.

Санчез неодамна изјави дека му е тешка да се прилагоди на новата околина, со оглед на тоа дека малку зборува англиски, а уште помалку германски.

Според медиумите, токму овие работи започнаа шпекулации дека тој ќе замине од тимот.

„Ренато ќе биде во Баерн и наредната сезона. Тоа е 100% сигурно. Нема да го пуштиме на позајмица во некој друг клуб.“