Нема крај на малерите на Мурињо: Се „искрши“ на хокеј натпревар во Русија (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед нема многу среќа во последните месеци откако доби отказ од клубот од Англија.

Сега, Мурињо работи и како стручен фудбалски аналитичар, но е чест гостин и на многу спортски настани.

Последно, Португалецот беше гостин на Авангард Омск, руски хокеарски клуб кој му постави црвен тепих во арената во Омск.

На натпреварот против Авангард Омск и СКА Сант Петербург, Мурињо имаше чест да го фрли пакот, но кога заминуваше се лизна и се струполи на мразот.

Видеото го обиколи целиот свет и набрзо стана интернет хит.


Инаку ова не е прв пат Мурињо да падне во јавноста. Пред одреден период Мурињо падна пред „Вембли“ во пресрет на натпреварот помеѓу Англија и Шпанија.