Нема повеќе дилеми: Навас останува во Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас, кажа дека не е возбуден поради шпекулациите дека Тибо Куртоа ќе пристигне во „кралскиот клуб“.

Навас во редовите на „кралевите“ е од 2014. година, кога пристигна од Леванте за 10 милиони евра, а од тогаш освои три титули во Лигата на шампиони, четиир во Светското клупско првенство, една титула во Ла Лига, еден трофеј во кралскиот куп и еден трофеј во Суперкупот на Шпанија.

Куртоа се споменува како голема желба на управата на Реал, а бидејќи има уште една година од договорот со Челси, речиси сигурно ќе се реализира неговиот трансфер летово.

„Зборував со Лопетеги. Мирен сум, зашто ми останаа уште две години од договорот. Уживам во секој момент во Реал и морам да видам што ќе се случува во иднина“, вели Навас.