Нема сомнеж: Познато е името на ѕвездата на зимскиот преоден рок, многу калкулации, битки на големи фронтови…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нема сомнеж, Хамес Родригез би можел да биде првата ѕвезда на преодниот рок во јануари.

Колубиецот го бараат и Јунајтед и Јувентус, Баерн е наклонет кон Италијанците со кои има одлична соработка и верува дека би можеле да следува трампа за своевремено најдобриот стрелец на Мундијалот за Аргентинецот.

Во Јувентус има предлог, „за“ и „против“, Родригез беше одличен во тандем со Роналдо, плус поадаптибилен е од Дибала и може да игра во формација 4-3-3. Но, сигурно е дека проценката на Германецот дека „Ла Хоја“ вреди само 100 милиони евра нема да наиде на разбирање кај Италијанците.

Баерн би го откупил Родригез од Реал и потоа би го проследил кај Јувентус, а слично би направиле, ако стигне понуда од Јунајтед. Родригез е играч кој би можел да биде додаток во нападот на „Ѓаволите“, а и замена за Санчез од кого сакаат да се ослободат.

Постои и трета опција, Реал да го врати Колумбиецот оваа зима, да го исплати на Баерн остатокот од позајмицзта, но се чини дека Баварците тоа нема да го прифатат, тие практично веќе го откупија Родригез и сега останува да извлечат најмногу од него.

Поради што тој сака да замине?

Проблемот е Нико Ковач, со него не е на иста бранова должина и тоа е судир кој трае во текот на целата есен.

Но, ако Хрватот заработи отказ на крајот од полусезоната, можеби работите и можат да се променат…